PrivacyTerms
Gorska_Voda

Gorska Voda

@Gorska_Voda
Приказната за ГОРСКА вода започнува на врвовите на планината Кожуф, во срцето на нејзината чиста и недопрена природа. Истражувањата покажаа дека со векови старите извори, чии корени се длабоко во мермерните и гранитни планински карпи, ја собирале водата во подземните природни планински резервоари. Токму таква, скриена од човековиот поглед и допир, овој дар создаден од природата ние ви го донесовме Вам. Компанијата Кодинг е една од најуспешните приватни компании во Македонија. Основана е во 1987 година, а од 2004 започна со производство и дистрибуција на ГОРСКА вода. Производниот погон се наоѓа во непосредна близина на изворите, во селото Конопиште. Станува збор за модерно опремена фабрика која има врвна технологија на полнење и капацитет на производство над 200 000 литри дневно. За само 5 години од моментот на појавувањето, ГОРСКА стана лидер на пазарот на негазирана вода во Македонија со повеќе од 75% пазарен удел. Со најголем продажен тим во Македонија, модерни дистрибутивни центри во Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар, Охрид, Битола, Велес, Кичево, Кавадарци, Струмица... ГОРСКА е еден од најквалитетните брендови во Македонија. Токму затоа, денес ГОРСКА може да ја пронајдете во Канада, Австралија, Косово, Албанија, Словенија, Германија... Но, приказната за ГОРСКА тука не завршува, туку напротив, тука започнува. Во 2007 година, асортиманот се збогати со нов бренд сокови наречени ГОРА и со енергетскиот пијалок ГОРСКА МЕЧКА. Овие производи, за кратко време ја освоија довербата на потрошувачите и го најдоа своето место на пазарот.
Read More ▾
Source
Report
Embed
Info
Use Our App